top of page

КАКО ЗАПОЧНА СÈ

Marina Hristovska

”Пред повеќе од осум години се роди моето прво детенце. Имаше изразен атопичен дерматит, кој не се смируваше со ништо познато и препорачано на пазарот. Тогаш сфатив дека на пазарот постојат многу производи, но ретко кој од нив е делотворен. Благодарејќи на долгогодишното искуство во формулирање на козметика, активна соработка со дерматолози и десетици исчитани научни студии и стручна литература од областа на дерматологија, дерматолошки болести и сосотојби, како и нивен третман, конечно го превземав првиот чекор кон создавање на мојот прв перформанс произод кој беше тестиран на моето новороденче. Резултатите беа видливи по само неколку недели и така започна сѐ. Неколку години подоцна се роди Eve’s Garden и го понуди токму тоа што недостигаше на пазарот -  делотворни решенија кои имаат своја естетска функција. И покрај долгогодишното искуство во формулирање tailor-made и органска козметика, беа потребни години за усовршување на формулите за да создадеме перформанс козметика која ќе направи вистинска разлика за корисниците.”

Марина Христовска, Формулатор и основач

НАШИОТ ТИМ

Gjorgji Petkovski

Ѓорѓи Петковски

ДИЗАЈН НА ПРОИЗВОДИ И КО-ОСНОВАЧ

Вистински предизвик е да се дизајнира производ за бренд со високи перформанси како што е Eve`s Garden. Нашиот тим за дизајн на производи секојдневно се поврзува со потребите и преференциите на потрошувачите и врз основа на тоа ги преточува желбите и потребите на потрошувачите во дизајни.

Natasha Petkovska

Наташа Петковска

МАРКЕТИНГ ДИРЕКТОР

Морам да кажам, ова е една од најлесните работни што некогаш сум ги имала како директор за маркетинг. На добрите производи не им треба некој посебен маркетинг, само треба да се презентираат. Нашите клиенти се нашите најголеми маркетинг агенти.

Zoran Jovanovski

Др. Зоран Јовановски

ЗДРАВСТВЕНА БЕЗБЕДНОСТ

Компанијата посветува големо внимание на безбедноста на производите и влијанието на производите врз безбедноста на луѓето. Тоа е она што ми дава голема самодоверба во мојата работа.

bottom of page