top of page

ИСПОРАКА И ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ

БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА

Бесплатна испорака за сите нарачки ширум светот над 150$! Дополнително, нудиме и беспалтна  испорака за сите нарачки над 1000 ден. во  Македонија и за сите нарачки над 30€ во следните земји: Србија, Косово и Албанија. 

МЕТОДИ НА ИСПОРАКА И ЦЕНИ

Нарачките на Eve's Garden Online се испраќаат во работни денови (понеделник - петок, со исклучок на празниците).

Сите нарачки се обработуваат и се испраќаат за 3-7 работни дена, во зависност од достапноста на производот. Повеќето нарачки направени до 12:00 часот по ET ќе бидат обработени и испорачани истиот ден, во зависност од достапноста на производот. Забрзаните нарачки кои содржат производи кои се посебно регулирани за транспорт бараат дополнително ракување и може да се испорачаат следниот работен ден.

ВНИМАНИЕ: Сите купувања се предмет на овластување од соодветна банка пред обработка на истите. Само овластени купувања ќе бидат обработени и испорачани.

Масажениот путер за тело, поради неговата конзистентност, може да се испорача само во следните земји: Северна Македонија, Србија, Косово и Албанија.

 

Eve's Garden не гарантира датуми за испорака на нарачките и не е одговорен за доцнење во обработката спероведена од страна на други оператори. За сите нарачки е потребно време на обработка и процесирање; ќе се потрудиме вашата нарачка да биде обработена што е можно побрзо.

Нашиот превозник не испорачува во сабота и недела, ниту пак доставува до поштенските сандачиња.

ИСПОРАКА

Бесплатна испорака за сите нарачки ширум светот над 150$! Дополнително, нудиме и беспалтна  испорака за сите нарачки над 1000 ден. во Северна Македонија и за сите нарачки над 30€ во следните земји: Србија, Косово и Албанија. 


2-7 работни дена преку DHL - 35,00 $ испорака низ целиот свет

2-3 работни дена преку ELS - 150 ден. само за Македонија

2-5 работни дена преку ELS - 5€ за Србија, Косово и Албанија


*Време на обработка: 1-2 работни дена.

БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ ЗА КОВИД-19

Врвен приоритет на Eve's Garden е безбедноста, здравјето и благосостојбата на клиентите, вработените и партнерите. Спроведени се безбедносни мерки за заштита од КОВИД-19, и како резултат на тоа, можно е, нарачките да доцнат со испораката. Ви благодариме за трпението.

ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОД

Со нашата 60-дневна гаранција за враќање на парите, процесот на враќање е едноставен. Само вратете го производот(ите), во рок од 60 дена од приемот, за целосно враќање на куповната цена (со исклучок на износот за испорака и процесирање). Нашата 60-дневна гаранција за враќање на парите се однесува само на производите купени од онлајн продавницата на Eve's Garden. За враќање на артиклите купени од нашата онлајн продавница, едноставно пополнете го формуларот за враќање и испратете го до нашата служба за корисници на следната е-пошта: cservice@marinacosmeticlab.com. Спакувајте ги артиклите што треба да се вратат, заедно со формуларот за враќање, во оригиналното пакување доколку е можно. Не заборавајте да го вклучите вашето име, адреса, телефонски број и причината за враќање. Вклучете копија од вашата фактура во пакетот и испратете ја на следната адреса:

Марина Козметик Лаб

ул.Архиепископ Михаил 24

1400 Велес

Македонија

Ви предлагаме да добиете потврда за испраќање на пратка од вашата пошта и истата да ја чувате за евиденција додека целосно не се процесира враќањето на средствата на вашата сметка. Ќе се потрудиме да го обработиме вашето барање и да ви го вратиме средствата што е можно побрзо. Откако вратените производи ќе бидат примени во нашиот систем, ќе ја кредитираме вашата сметка за цената на вратените артикли (со исклучок на износот за испорака и процесирање). Рефундирањето ќе биде издадено на начинот на кој првично сте го извршиле плаќањето и ќе бидете известени преку е-пошта.


Оштетени предмети

Кога ќе пристигне вашата нарачка, ве молиме проверете дали вашиот пакет има било какви оштетувања што може да се случат за време на транспортот. Ако вашето пакување е оштетено или неисправно, ве молиме чувајте ја кутијата, материјалот за пакување и производот(ите) и контактирајте ја нашата корисничка служба на cservice@marinacosmeticlab.com за да пријавите.


За дополнителна помош, контактирајте го нашата корисничка служба преку е-пошта: cservice@marinacosmeticlab.com. Нашите претставници се достапни да ви помогнат.
 

СЛЕДЕЊЕ НА ВАШАТА НАРАЧКА

Лесно следете го статусот на вашата нарачка за да го потврдите датумот на испорака со кликнување ТУКА

bottom of page