Екстракт од краставица
Екстрактот од краставица Cucumis Sativus додава влажност на кожата. Тој е природен омекнувач на кожата со разладувачки и тонирачки својства. Има висока концентрација на минерали, калиум и сулфур кои помагаат во процесот на омекнување и хидратација на кожата. Содржи антиоксиданси, кои помагаат во измазнување на фините линии и брчки и делува како бариера спречувајќи го предвременото стареење на кожата. Екстрактот е богат со витамин Ц. Во мали количини ги содржи речиси сите Б витамини и каротин. Од минералите, има многу фосфор, калциум, железо, манган и јод. Има ниска содржина на натриум и висока концентрација на калиум. Содржи активни материи кои обезбедуваат висок степен на хидратација на кожата, па затоа ја остава истата мека и кадифена. Посебно е погоден за третман на сува и дехидрирана кожа. Има благотворно дејство на кожата.
INCI: екстракт од краставица Cucumis Sativus
CAS: 89998-01-6
Референци:
„Фитохемиски и терапевтски потенцијал на краставицата“
- Фитотерапија, јануари 2013 година, страници 227-236