Нашиот богат, кадифен хидратантен путер за тело е преполн со антиоксиданси, декадентни масла и путери, органски фитонутриенти и небесни ботанички есенции за да ги маѓепсаат сите ваши сетила и да ви овозможат хидрирана и сјајна кожа.
Додека ја обновувате, хидрирате и подмладувате вашата кожа со овој луксузен третман, истовремено ќе бидете покриени со прекрасениот долготраен мирис кој го нуди на нашиот путер за масажа.
Меѓутоа, ако сакате да се ослободите од досадните болки во мускулите или да третирате одредени состојби на кожата, високо квалитетен третман, како нашиот путер за тело може да биде вашиот одговор.
Нашиот путер за масажа на телото е третман кој е инфузиран со чист ментол и истиот не содржи конзерванси или адитиви.Најдобро за зимски или суви клими, како и за сува кожа.
DELIGHT THERAPY- Масажен путер за тело
Нанесете мала количина од вашата дланка и нанесете ја директно на областа што сакате да ја третирате. Продолжете со масирање длабоко во вашата кожа со кружни движења. Се аплицира само на тело.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
· Шеа путерот содржи голема концентрација на природни витамини и масни киселини, што го прави шеа путерот неверојатно корисен за негување и навлажнување за кожата. Често се користи за лекување на сува кожа, го намалува воспалението и постојат научни студии кои потврдуваат дека помага да се заштити природната липидна бариера на кожата. Шеа путерот, исто така, помага во природното производство на колаген во кожата, а воедно, содржи и олеинска, стеаринска, палмитинска и линоленска киселина кои ја штитат и негуваат кожата за да спречат сушење на истата.
· Путерот од какао е богат со масни киселини. Тој има огромен потенцијал да ја хидрира и негува кожата и да ја подобри еластичноста. Липидите кои се составен дел на какао путерот формираат заштитна бариера на кожата, чија примарна улога е да ја задржи влажноста на кожата.Какао путерот е богат и со природни растителни соединенија наречени фитохемикалии. Овие супстанции може да го подобрат протокот на крв во кожата и да го забават стареењето на кожата овозможувајки природна заштита од штетните УВ зраци.
· Кокосовото масло има многу придобивки за кожата. Некои од нив се:Делува антибактериски: лауринската киселина која се наоѓа во кокосовото масло има антимикробни својства, поради што може да ги уништи бактериите на кожата и да го намали воспалението.Ексфолира: Кокосовото масло ја потпомага и ексфолијацијата на надворешниот слој на мртвите клетки на кожата, правејќи ја кожата помазна,Ја намалува појавата на фини линии: Кога се апсорбира во кожата и сврзните ткива, кокосовото масло помага да се намали појавата на фини линии и брчки помагајќи да се одржат сврзните ткива силни и еластични.Заклучува влага: Утврдено е дека екстра девственото кокосово масло значително го намалува нивото на трансепидермална загуба на вода (TEWL) и ги зголемува нивоата на липиди на површината на кожата.
· Маслото од сладок бадем е лесно масло богато со витамин А (ретинол), витамин Е (токоферол), омега 3 масни киселини и цинк. Воедно е одличен емолиент, кој ја прави кожата мека и мазна. Ова масло има хранливо и ревитализирачко дејство и е добар навлажнувач, што го прави идеален за иритирана и испукана кожа.
Состав:
Butyrospermum Parkii (Shea) Butter, Theobroma Cacao (Cocoa) Sead Butter, Cocos Nucifera (Coconut) Oil Prunus Amygdalus Dulcis (Sweet Almond) Oil, Olea Europaea (Olive) Fruit Oil, Helianthus Annuus (Sunflower) Seed Oil, Fragrance, Menthol.